„Портата на животот“ е насловот на изложбата на уметницата Марија Рашковиќ која се отвора вечерва во галеријата „КО-РА“ – нов салон, во Домот на градежниците.
Се работи за трета самостојна изложба на Рашковиќ, после оние во Македонија и во странство.
Рашкиовиќ е родена во Скопје во 1978 година. Магистрирала на Националната ликовна академија во Софија со специјалност проектант, дизајнер на ликовно просторно уредување. Во тек е нејзината подготовка на докторската дисертација. Таа има реализирано голем број на проекти од внатрешниот дизајн и учество на повеќе семинари и работилници во областа на дизајнот во земјата и станство.