Министерството за надворешни работи ја поздравува одлуката за отворање на граничниот премин Рафах, со што се овозможува евакуација на странските државјани, вклучително и петте државјани на Македонија.
Како што претходно информираа оттаму, нашите државјани кои се наоѓаат во Газа веќе се вклучени во списоците за евакуација и истото очекуваат наскоро да се реализира согласно околностите на терен и динамиката на евакуација, имајќи го предвид големиот број странски државјани во Газа кои се дел од оваа операција.
-Преку тесна и континуирана комуникација со надлежните институции на Египет и Израел како и со нашите државјани, Министерството за надворешни работи е непосредно и континуирано активно вклучен, со цел нашите државјани да бидат безбедно и навремено евакуирани, стои во соопштението од ресорот дипломатија.