Темен режим Режим на светлина

На 99 години добил 759 илјади евра на лотарија

Бернард Ботинг од Англија има 98 години и на Лотаријата со поштенски кодови освоил 685.000 фунти, што е околу 795.000 евра. Бернард и неговата сопруга Дорис одлучиле заедно да играат на лотаријата пред неколку години.

Неговата сопруга починала пред пет години, на 93-годишна возраст, но тоа не го спречило Бернард да се надева на голема победа. Тој повторно си ја пробал среќата и веројатно не очекувал да погоди дури три пати.

– Се изненадив кога ми го дадовте првиот чек, а потоа добив уште два плика со иста сума. Мојата сопруга би била воодушевена, изјавува 98-годишникот.

Парите од лотаријата не планира да ги задржи за себе, туку ќе ги подели на членовите на семејството, како што се договорил со сопругата. Бернард со години служел во вооружените сили за време на Втората светска војна.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Се отвора преминот Рафах, македонските државјани во Газа се на списоците за евакуација

Следна објава

Наследил 30 милиони долари и сакал да ја прекине врската со партнерката, таа го отрула