Се отвори „Екс Либрис“ првиот интернационален поетски фестивал во Скопје

Во Скопје се отвори првиот Интернационалниот поетски фестивал „Екс Либрис“. Ќе трае неколку месеци, под мотото „FESTIVAL IN PROGRESS“ а ќе се одржат десетина поетски читања, преведувачки работилници, дискусии, предавања, промоција на изданија на значајни светски и домашни автори.

Фестивалот почна со преведувачката работилница „Најдено во преводот“, дискусија и поетско читање на македонски и британски поети и преведувачи, меѓу кои и Питер Мекеј, Тања Хершман, Катица Ќулавкова, Митко Гогов и Никола Ѓелинчески.

Проектот е поддржан од програмата на Британскиот совет за финансирање меѓународни проекти од полето на книжевноста.

Претходна вестТрет ден Владата не реагира на заканите со војна на Дардишта: За фунционерката на ДУИ нема санкција
Следна вестФрчат казни во Скопје, сообраќајните контроли продолжуваат