Се разговара за зголемување на капацитетите за тестирање за Ковид-19 во МАНУ

Средба на академик Љупчо Коцарев, претседател на МАНУ, со министерот за здравство се слушила денеска. Се разговарало за работата на МАНУ на истражувања поврзани со пандемијата на Ковид-19, како и за работата на Истражувачкиот центар за генетско инженерство и биотехнологија во МАНУ, каде што се обработуваат ковид-тестовите.

Лабораторијата во МАНУ дневно обработува од 200 до 250 бриса, но бројката во некои денови достигнува и до 350 од ПЦР-тестови. МАНУ ги покрива сите болници во државата, освен скопските клиники, ГОБ „8 Септември“ и болниците во Кичево и Дебар.

Министерот Филипче и академик Коцарев на средбата зборуваа и за зголемување на капацитетите на лабараторијата, како и подобрување на условите за тестирање во иднина, а на средбата како иден план се постави воведувањето на проектот на национално ниво за воведување персонализирана медицина како начин за лекување онколошки болести и за други области од медицината.

Претходна вестТешко повредено едно лице во судир на автомобил и камион во Долно Лисиче
Следна вестОпштина Центар: Отстранети 5 трафики поставени без решение кај Зелено пазарче