Предвремени избори: Разводнета или се уште реална опција?

Ќе заврши ли и како политичката голгота во која се заплетка партиската сцена во Македонија, откако не успеа гласањето недовeрба на владата во четвртокот? Последните информации се дека премиерот Зоран Заев, кој прво даде па по десет дена ја повлече оставката од премиерската и претседателската функција во СДСМ, му понудил средба на првиот човек на Алтернатива, Африм Гаши, за евентуално враќање на неговите пратеници во владата. Од Алтернатива која силно не уверување дека Заев мора да си замине велат дека деновиве ќе одлучеле дали средбата ќе биде прифатена.

Самиот Гаши, претходно нагласи дека ако добие понуда од Заев, принципиелно било прво да разговара со Алијанса за Албанците и ВМРО ДПМНЕ, па после да види што ќе прави неговата партија. Факт е дека ако прифати да се врати, тоа ќе го обезбеди мнозинството на Заев во Парламентот. Во меѓу време СДСМ и ВМРО ДПМНЕ непрестајно меѓу себе си бараат оставки, преку прес конференции и соопштенија. За сега останува отворено и неодговорено прашањето, зошто како да се премолче нагласениот предлог од Левица, за радикализација на обединетата опозиција, блокада на Собранието и протести, што на крајот би донеле до брзи предвремени парламентарни избори?

Дека радикализација нема да се случи говорат последните пораки на координаторот на пратеничката група на ВМРО ДПМНЕ, Никола Мицевски, кој рече дека неговата партија нема намера да ја блокира расправата или гласањето за буџетот за 2022 година. Односно, дека тие остануваат конструктивни соработници на власта во Собранието.

Со избори, брзи предвремени, пак не се сложува ниту Алтернатива, што значи истите ги бараат само ВМРО ДПМНЕ и коалицијата во овој момент, со поддршка од Алијанса за Албанците. Но, ако Заев го зациментира своето мнозинство, таа опција станува реално неостварлива. Заклучокот е едноставен: зошто Заев при проширено и стабилизирано мнозинство би дозволил предвремени избори?!

И што и останува на опозицијата на крајот за да извојува предвремени избори? Или форма на заедничка влада со СДСМ или радикализација по теркот на Апасиев. Дали опциите се овие и што ќе се случува на крајот, веројатно ќе се знае неделава пред нас.

Претходна вестЛесно се вади пиштол за се и сешто, па дури и за недоразбирање во сообраќај
Следна вестПремиера на „Нема да биде крај на светот“ на 24 ноември во МНТ