Се санираат последиците од синоќешното невреме во Гостивар и ситуацијата во најгоема мерка е смирена, информираа од Центарот за управување со кризи.
-РЦУК – Тетово известува од ЈКП Комуналец – Гостивар дека сите улици и куќи што беа поплавени во попладневните часови се исчистени односно сите последиците од дождот се санирани. Екипите од ЈКП Комуналец и ТППЕ Гостивар во 08:00 часот се повлечени, изјавија од ЦУК.
Силното невреме предизвика поплавување на повеќе локации на гостиварското подрачје. Како резултат на поројниот дожд во с.Беловиште, општина Гостивар, на главниот селски пат имаше излевање на водата која надоаѓа од планината и со неа носеше кал и гранки.
– Поплавена е улица Бањешница, општина Гостивар и има излевање на водата по патот од каналот кој не е исчистен. Од ЈКП Комуналец од Гостивар е пратен багер за да го исчисти каналот за да се повлече водата по течението на каналот. После санација на каналот багерот и екипи на ЈКП Комуналец ќе продолжат во санација на штета во с.Беловиште, информираа од ЦУК..
Во нас.Циглана од шумата надојде вода со кал и влезе во двор на една куќа.
ЈКП Комуналец од Гостивар со 2 багери и 1 пумпа за испумпување на вода и 12 пожарникари со 2 ПП возила во период од 15:40 до 16:35 часот, интервенирале во Градаска Болница-Гостивар, каде е решен проблемот со канализација. Истите екипи во моментот интервенираа на ул.Бањишница.