Едно лице е хоспитализирано во струшката болница откако се вратило од афричката држава Занзибар заболен од корона вирус. На пациентот ќе му биде земен брис кој потоа во лабораторијата на МАНУ ќе се испитува дали вирусот припаѓа на јужноафриканскиот сој. Доколку се потврди сомневањето, тоа ќе биде прв случај на оваа мутација на вирусот која веќе се шири по светот.
Пациентот во Струга кој е во стабилна состојба е препратен од Битола по враќањето од Занзибар а неговата сопруга е хоспитализирана во Скопје. Во оваа африканска земја тие престојувале 15 дена.
Инаку, во последниот период туристичките патувања во Занзибар се мошне популарни кај македонските граѓани и за влез во оваа земја не е потребен негативен тест на корона вирусот.