Состојба во ковид-центрите: Вкупно 750 пациенти на болничко лекување, нови 34 во Скопје

Вкупно 750 пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот се лекуваат на инфективните оддели во Скопје и во болниците низ земјава.

Во ковид-центрите има околу 360 празни болнички кревети, соопшти Министерството за здравство.

Во изминатите 24 часа во ковид – центрите во Скопје се хоспитализирани 34 нови пациенти поради компликации од корона вирусот, или вкупно 307. Голем дел од пациентите се на кислородна поддршка.

Најмногу приеми имало на интерните клиники – 17 приеми, потоа на Инфективната клиника-11 и во ГОБ „8 Септември“ шест.

Во изминатите 24 часа дома се пуштени 27 оздравени пациенти.

Во ковид – центрите во болниците во другите градови се лекуваат вкупно 443 пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот.

Претходна вестСе вратил од Занзибар со корона вирус, ќе се испитува дали е од јужноафрикански сој
Следна вестКонечно, се поставува атмосферска канализација на улица „Радушка“ во Дексион