Од денеска населбата Карпош 4 е збогатена со 55 нови, висококвалитетни дрвја на јавори и чемпреси, кои се засадени во рамките на пролетната акција за засадување. Општина Карпош и нејзиниот градоначалник информираа преку Фејсбук по садењето долж течението на Вардар. Најавуваат дека акцијата на садење на високи дрвја ќе продолжи и по другите населби по општината.
Ова садење е за пофалба, особено затоа што ете некој се сети во овој пролетен период нешто да засади. Дали заради кризата со корона вирусот или заради непланирање на средства во општинските и градскиот буџет, отсуствуваа поголеми акции во текот на кои ќе се насадеа поголем број на дрвја. Се како да се сведуваше на уредување на помали зелени површини околу тротоарите. А тоа не е доволно за потребите на Скопје.
Заради тоа, акцијата во Карпош потсети дека пролетниот период кој полека изминува треба да се искористи за што поголемо садање на нови дрвја. Скопските општините и Градот имаат потреба не од 55 нови садници туку од 555, од 5.555…, посебно во подрачјата кои се најзагадени и без доволно зеленило.
Ќе има ли за вака големи бројки фалање на Фејсбук или толку за сега од градоначалниците кои ни ветуваа дека Скопје ќе биде зелен град?