Седумина возеле без дозвола, тројца поминале на црвено…, казнети 144 возачи

На територија на град Скопје вчера се изречени вкупно 144 мерки, соопшти денеска МВР за вчерашните контроли на скопските сообраќајници.

-Меѓу нив за возење повеќе од дозволената брзина 47 санкции, седум мерки за возење без возачка дозвола, три санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло), седум мерки за користење мобилен телефон при возење…, се наведува во информацијата.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.

-Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, наведуваат од МВР.

Претходна вестСудски совет ќе ја разгледува пресудата на Управниот суд за разрешувањето на Дамева
Следна вестЦрквата на улица „Македонија“ никако да се заврши, ќе бидат ли лимените тараби и натаму главен „украс“?