Денес и уте на летната сцена од Центарот за култура „Кочо Рацин“ во Кичево, ќе се одржи седумнаесеттото издание на меѓународниот фоклорен фестивал „Д-р Владимир Полежиноски“. Фестивалот е во организација на Центарот за култура, а финансиран е од Министерството за култура. Во двата дена програмата ќе почне во 20.30 часот, а во случај на врнежи од дожд или невреме, ќе се пресели во големата сала од Центарот за култура.
– Нешто порано од вообичаеното, денес и утре на летната сцена од Центарот за култура ќе се одржи седумнаесетиот меѓународен фолклорен фестивал на народни песни и ора „Д-р Владимир Полежиноски“. На годинешното издание на овој фестивал ќе настапат голем број културно уметнички друштва, ансамбли и фолклорни здруженија од повеќе земји. Така, в понеделник на сцената ќе се појават културно-уметничките друштва,„Рацин“- Кичево, „Кишница“- Косово, „Нико Пусоски“ – Кичево, потоа фолклорното здружение Кушадаси – Турција, МКЦ Драч – Албанија, ансамблот за народни игри „Дружба“ од Украина и МКЦ „Курбин“- Албанија, најави директорот на Центарот за култура Мазлам Османи.
Тој во продолжение ги наведе друштвата и ансамблите кои ќе настапат на втората фестивалска вечер.
– На втората фестивалска вечер во вторник, на отворената сцена пред Центарот за култура ќе појават КУД„ Рацин“ – Кичево, КУД „Ускана“ – Кичево, КУД „Струга“, КУД „Бисер“ – Кичево и КУД „Младост“ – Кичево и ансамбл „Студио фолклор“- Скопје. Оваа вечер репризно издание ќе има и ансамблот за народни игри Дружба од Украина, а фестивалот ќе го затвори КУД „Рацин“ – Кичево, друштво кое функционира во рамките на Центарот за култура и кое ќе биде домаќин на друштвата-учесници, додаде директорот на Центарот за култура.