Секој ден се поголем број починати- денеска 27 и 333 новозаразени

Во последните 24 часа 27 починати лица починаа како последица на ковид: 8 починати лица од Скопје (54г,62г,64г, 64г,64г,65г, 69г, и 70г), 4 починати лица од Гостивар (53г,65г ,72г и 83г), по 3 починати лица од Тетово (60г,70г и 76г), Куманово (67г,72г и 73г), Кичево (68г,68г и 82г), по едно починато лице од Струмица (68г), Дебар (84г), Прилеп (69г), Струга (71г), Битола (56г), и Свети Николе (55г). Од вкупно пријавените, 3 лица се починати во домашни, а 24 лица се починати во болнички услови.

Направени се 3.022 тестирањe, а регистрирани се 333 нови случаи на Ковид-19:
Скопје – 206, Гостивар – 33, Куманово – 19, Кичево – 13, Струга – 10, Струмица и Дебар – по 9, Прилеп – 7, Тетово, Кавадарци и Охрид – 5, Битола, Кочани и Свети Николе – по 2, Велес, Гевгелија, Радовиш, Пробиштип, Крушево и Македонски Брод – по 1.

Регистрирани сe 367 оздравени пациенти.

Вкупната бројка на Ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 169.202, бројката на оздравени пациенти е 152.465, на починати е 5.695, а бројот на активни случаи изнесува 11.042, од кои во Скопје 3.829.

Претходна вестВежбањето од 6 до 8 часови дневно ми ја донесе олимписката бронза по хемија
Следна вестЗошто станицата за кабаст отпад во Аеродром не е исчистена од кога е поставена?