Секој петти казнет возач возел без дозвола

Возењето на автомобил без возачка дозвола станува се почест сообраќаен прекршок. Меѓутоа, и опасноста на направат сериозна сообраќајна несреќа не ги премислува овие лица да седнат зад управувачот. Тоа го покажуваат и вчерашните контроли на скопските сообраќајници.

Од вкупно 131 изречена мерка, 25 – односно секоја петта, е за возење без возачка дозвола.

-Изречени се и 18 санкции за возење повеќе од дозволената брзина, 14 мерки за возење под дејство на алкохол, седум мерки за нерегистрирани возила, три санкции за возач почетник, осум санкции за користење мобилен телефон, седум мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло)…, се наведува во информацијата.

Засилените акциски контроли продолжуваат, соопшти МВР.

Претходна вестВласта и опозицијата во Албанија се против општини со македонско население
Следна вестЌе се побунат ли Ахмети и Османи за правата на Македонците во Албанија?