На пресконференцијата која се одржа неодамна, селекторот на Македонската фудбалска репрезентација Благоја Милевски го објави списокот на фудбалери за претстојниот старт на квалификациите за Евро 2024 против селекцијата на Малта. Објавени се имињата на веќе проверени фудбалери но и неколку нови членови на тимот.
– Што се однесува до репрезентацијата на Малта се знае дека аутсајдери не постојат во денесен фудбал. Факт е дека одреден број на играчи, особено оние кои ни се носители, немаат голема минутажа, а да не зборуваме за натпреварувачка форма. Изборот е тој, играчите се тие, немаме голем избор. Костадинов, Серафимов и Дориев поради повреди, Тодоровски поради црвен картон со Бугарија отпаднаа. Николов и Спировски поради лоша форма не се тука, но не значи дека се избришани. Давор Здравковски со своите настапи заслужи повик. Се наогаме во многу тешка група. Се знае квалитетот на Италија, Англија, Украина, но и Малта е одлична репрезентација. Го победија Израел и одиграс нерешено со Грција. Но Македонија има квалитет да се носи и со поквалитетни селекции, изјави селекторот Благоја Милевски.
Воедно тој додаде дека квалитетот на репрезентацијата мора да се покаже на терен. Се радува дека од нив се очекува победа и вети дека ќе направат се што е во нивна моќ, со успех да стартуваат на овие квалификации.