Семејство од Скопје нуди 2.500 евра награда за оној што ќе го најде нивниот папагал Шер

Награда од 2.500 евра нуди семејство од Скопје, чиј папагал Шер, од видот ара, се изгубил пред четири дена, а последен пат е видена во населба Орман, близу картингот.

Имаат и упатство, околу тоа доколку некој ја забележи, како да и пријде без да ја исплаши или повреди.

– Повикајте ја, питома е, нема да ве касне. Пружете и рака, не дланка и покажете и трпение, ќе дојде. Не и приоѓајте со пешкир или ќебе и не ја фаќајте за врат од напред. Ако ви застане на рака внесете ја на затворено. Ако морате да ја фатите со раце тогаш фатете ја позади за вратот без стискање или на грбот, објаснуваат од семејството.

Секој кој има информација за Шер, може да се јави на мобилниот број на сопствениците 076 302 321.

Претходна вестУчилиштата и градинките ќе плаќаат 35 отсто поевтино парно
Следна вестЗагрижени сме за Османи кој рече дека секој месец едвај врзува крај со крај: УМС на ВМРО-ДПМНЕ постави кутија за донации пред МНР