Шеик одбил да купи стан од 100 милиони долари, немало доволно лифтови за неговите сопруги

Катарскиот премиер шеикот Тамим бин Хамад ел Тани, одбил да купи ултра-луксузен њујоршки пентхаус вреден 100 милиони долари. Тој си купил „скромна куќа“ во вредност од 47 милиони долари.

Богатиот шеик пред одредено време го „потресе“ пазарот за недвижнини во Њујорк затоа што сакал во тој град да купи величествена недвижнина за своето семејство. На шеикот му бил понуден луксузен пентхаус вреден 100 милиони долари на врвот на „One57“, отмена зграда во центарот на градот.

Шеикот се откажал од договорот за купување на станот којшто нуди прекрасен поглед кон Централ парк и Менхетен, а причина биле лифтовите. Зградата „One57“, со сета ексклузивност имала само 2 лифта. Тоа не било доволно да ги прими двете сопруги на шеикот, петнаесетте деца и големиот број на менаџери и вооружени чувари.

Претходна вест Пазарниот инспекторат доби нов директор, кога граѓаните ќе добијат пониски цени на храната?
Следна вестСекој ден најави за лажни бомби, ама секој ден и политичарите објаснуваат…