Вакцините од Кина ги нема иако беше ветено дека ќе дојдат во февруари. За ова прокоментира и министерката за одбрана, Радмила Шекеринска. Таа вели дека доколку сакале можеле да сокријат дека кинеската компанија за производство на вакцини ни го вратила платениот капар.
-Сакам да зборувам за работи кои што целосно ги познавам и во кои сум учествувала, мислам дека најсоодветно е да не се мешаме во работи во којшто информациите ги имаме од Влада, но и од она што јавноста е достапна. Ако нешто можевте да забележите во изминатава година, и мислам дека тоа понекогаш може да нѐ прави и послаби, меѓутоа мислам како држава тоа е чекор во вистинска насока, тоа е дека никогаш информациите не ги криевме од јавноста, и кога се добри вести, и кога се лоши вести. Можеше ова да не го кажеме, за да добиваме помалку прашања, но тоа не е начин на кој функционира оваа Влада. Подобро е да ги кажеме проблемите со кои се соочуваме, рече Шекеринска.
Таа посочи и дека за истите фрустрации и незадоволство од набавката на вацини може да се слушне од многу земји членки на ЕУ.