Шилегов ја жртвува Универзална за 50 висококатници – обвинува Трајановски

Поранешниот градоначалник на Скопје, Коце Трајановски се противи на идејата која ја промовира неговиот наследник Петре Шилегов за дислокација на Универзалната Сала.

Тој на својот Фејсбук профил го прашува Шилегов, кои се причините за одлуката за уривање на објектот и негова изградба на друга локација.

„Петре, зошто ја уриваш Универзална? Ти оставив готов проект. Бев кај вашиот министер Алаѓозовски му го однесов проектот и го замолив да започне градбата но проектот не продолжи. Се прашував зошто луѓево не ја градат Универзална?“,

Тој изразува сомнеж дека клучна причина за ваквата одлука е фактот дека Универзална сала се наоѓа во истата градската четврт со поранешната фабрика „Треска”.

„Пред извесно време јавноста ја брануваше Деталниот урбанистички план за „Треска” во кој се предвидуваат 50 згради. За да се оствари процентот на зеленило во оваа градска четврт можеби се жртвува Универзална сала на чие место треба да има парк а со тоа на просторот на „Треска“ се добива поголем кофициент на изграденост“,

Градските власти тврдат дека одлуката за дислокација на Универзална не е конечна а идејата е на Асоцијацијата на архитектите на Македонија.

Утре во 13 часот, градоначалникот Шилегов ќе одржи брифинг со новинарите на кој детално ќе ги образложи причините за одлуката и за можноста за нејзино отповикување. На локалните избори на кои го доби мандатот од граѓаните, Шилегов не ветуваше изградба на парк и летна сцена на нејзино место, туку „враќање“ на Универзална сала.

Нов лик за Универзалната сала

Нов лик за Универзалната сала во Скопје, негова целосна реконструкција и надградба.Реконструкција на големата сала, изградба на помали повеќенаменски и конференциски сали, административни простории и подземен паркинг простор на повеќе нивоа. Секогаш работа, секогаш Скопје, секогаш Македонија!#НоваЕра #НовиПобеди

Posted by Коце Трајановски on Петок, 06 октомври 2017

 

Претходна вестКривична против битолчанка за малтретирање на сопствените малолетни деца
Следна вестСледува многу топло време со високо УВ-зрачење