Засилени контроли и казнување на возачите кои ги паркираат своите возила побара денеска од полицијата скопскиот градоначалник Петре Шилегов. Во писмото испратено до МВР Шилегов бара полицијата да излезе на терен и да ги ослободат велосипедските патеки од паркирани коли и камиони.
Како пример за узурпираните патеки за велосипеди тој ги навел булеварите „Свети Климент Охридски“ и „Кочо Рацин“ и на улиците „Свети Кирил и Методиј“, „Московска“ и „Кемал Сејфула“.
-Паркираните возила на новите вело патеки поставени на коловоз и претекнувањето од возилата на велосипедските ленти во голема мера ја загрозуваат безбедноста на велосипедистите во сообраќајот и претставуваат сериозна препрека во континуираниот пораст на велосипедскиот сообраќај во нашиот град, наведува во писмото скопскиот градоначалник.
Дали Шилегов ќе напише писмо до МВР за да побара и решителна акција за откривање на крадците на велосипеди во Скопје кои секој ден „жнеат“ точаци, не е познато.