Шилегов најавува нови додека постојните скејт паркови се распаѓаат

Скопскиот градоначалник Петре Шилегов на вчерашниот Светски ден за заштита на животната средина даде нова најава за проект во рамките на неговото ветување за „Зелено Скопје“. Одамна зборува за зеленило, но од друга страна неговите колеги-градоначалници заедно со него си тераат „бетонизација“. Се сечат дрвја во Аеродром, Влае, Ѓорче, на Водно…

Новиот проект кој е во најава е нов памптрак полигон и скејт парк. Ќе се направел на потегот кај некогашниот простор за обучување возачи под Кале. Тоа остана грдо место, депонија, но колку е зелен овој проект на Шилегов? И дали е потребен токму во тој дел од градот? Овој простор, според Шилегов, бил заборавен од минатите власти ама сега ќе бил ставен во употреба.

-Со уредувањето на овој простор, кој локациски се наоѓа во непосредна близина на Градскиот парк, и воведување организирано паркирање планираме да го направиме многу подостапен пристапот до Градскиот парк, забавниот парк, Зоолошката градина. Во оваа прилика сакам да апелирам до скопјани, особено граѓаните што доаѓаат од Аеродром, Ново Лисиче, Бутел и Чаир наместо да одат да паркираат пред ЗОО Скопје да го користат овој простор, којшто сега е слободен за паркирање, исчистен и релативно безбеден, рече Шилегов.

Зошто токму сега Шилегов се сети на таа локација, е јасно, се ближат избори, а тоа значи ќе се нижат и ветувања и разно-разни проекти. Но, зошто нема конкретен датум кога ќе се среди запуштеното место под Кале, туку е само најава?
Додека Шилегов најавува нов скејт парк, останатите во Скопје се распаѓаат, што со нив?

Ова се главно прашањата за кои алармираат граѓаните кои преку социјалните мрежи покажаа во каква лоша состојба се скејт парковите кои пред неколку години беа направени. Со дупки, небезбедни терени за движење и без да се возите, смет и отпад во непосредната околина…Таква е за жал сликата во неколку скејт паркови во Скопје направени од минатата власт кои оваа ги заборави.

Зошто да веруваме дека ако постојните скејт паркови се распаѓаат заради негрижа на актуелната власт – плановите за нови би се реализирале? И за кого?.

Претходна вестОблачно време со пороен дожд и грмежи
Следна вестБез електрична енергија делови од повеќе скопски населби