Облачно време со пороен дожд и грмежи

Времето денеска ќе биде променливо облачно, уште од претпладневните часови нестабилно, на повеќе места со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, информира УХМР.

Ќе има услови за локална појава на невреме со пообилен дожд за кратко време, почести електрични празнења и појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 17, а максималната ќе достигне од 22 до 31 степен.

Во Скопје, променливо облачно и нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а ќе има и услови за појава на невреме. Минималната температура ќе се спушти до 15, а максималната ќе достигне до 25 степени.

Претходна вестПресметка меѓу мигранти кај Табановце, Авганистанци го извлекле подебелиот крај
Следна вестШилегов најавува нови додека постојните скејт паркови се распаѓаат