Шилегов против Арсовска води само во Сарај, Шутка, Чаир и Центар

Првиот постизборен ден покажува интересни резултати. На пример во трката за градоначалник на Скопје, кандидатот на СДСМ кој уверуваше дека ќе победи во првиот круг тој не ни води во трката. Напротив втор е.

Актуелниот скопски градоначалник Петре Шилегов до СДСМ заостанува цели 4.294 гласа зад независната противкандидатка Данела Арсовска која ја има поддршката од ВМРО-ДПМНЕ, покажуваат најновите податоци на Државата изборна комисија. По 90 проценти од обработените податоци за градоначалник на Град Скопје, според податоците објавени на веб страницата на ДИК, Арсовска има 76. 662 гласови (37,17 отсто од гласовите), а Шилегов  71. 859 (34,84 отсто).

Гледано по десетте скопски општини, излегува дека Шилегов остварил предност само во четири – Сарај, Шуто Оризари, Чаир и во Центар. Тој ја ужива поддршката во Сарај, каде има освоено 5.681 глас повеќе од Арсовска (8.450 наспрема 2.769), како и во Чаир каде 7.484 гласа одат во корист на кандидатот на СДСМ. Шилегов поголема поддршка има и во Шуто Оризари 3.773 наспрема 1.687 гласа. Во Центар пак, Шилегов има само 725 гласа повеќе од Арсовска, односно, добил 7.398, а независната кандидатка 6.735.

Податоците на ДИК покажуваат дека Арсовска добила поголема поддршка од граѓаните на Карпош, Гази Баба, Кисела Вода, Аеродром, Ѓорче Петров и Бутел.

 

Претходна вестИ малиот одзив е сериозна порака до партиите
Следна вестАпасиев за изборна пресметка „сам на сам“ Левица vs СДСМ