Што би ни рекол Гоце Делчев сега кога Македонија е притисната од проблеми?

Македонија е во време на засилена криза. Политичка, економска… Освен ова, под удар се и корените на македонската нација, на македонската црква… Ваквата состојба бара општествена будност и мудрост.

Мудроста особено треба да биде кај политичарите кои ја раководат државата. Ја имаат ли?

Македонија имала многу мудри луѓе низ историјата. Учиме ли доволно од нив? Еве на пример великанот Гоце Делчев кажувал на времето, ама има што да ни каже и сега кога многумина чекаат некој друг да ни ја реши кризата:

Делото на ослободувањето на еден народ, е пред сè негово сопствено дело, на неговите сопствени раце

Ние се бориме за слободна и независна Македонија со широки права на сиромашното население 

Тоа е патот за ослободувањето на народите од туѓо его. По него оделе Грците, Србите, Бугарите. По тој пат треба да одиме и ние, Македонците, за да се ослободиме од Турците      

Јас не познавам друг народ кој повеќе страдал од предавствата на своите синови – изроди како македонскиот. Историјата не памети друг таков пример кога еден ист народ по традиција, јазик и вера се разделува на разни спротивни страни, една од друга потуѓа…

Македонија има свои интереси и своја политика. Тие им припаѓаат на сите Македонци. Оној што сака да работи на присоединувањето на Македонија кон Бугарија, Грција или Србија, тој може да се смета за добар Бугарин, Грк или Србин, но не и за добар Македонец

Дали може да има друго место за еден Македонец, освен Македонија? Дали има народ понесреќен од македонскиот? И дали има некаде пошироко поле за работа, отколку во Македонија?

Јас го разбирам светот како поле за културен натпревар меѓу народите      

Да ја чуваме чистотата на ослободителното движење и Организацијата, тоа е првиот услов за нашиот успех. Ако тоа не го направиме, Македонија ќе падне под некоја од балканските држави, или ќе биде разделена помеѓу нив…

Многу поучни лекции. Да не зборуваме и за практичните уроци кои ги делел на терен борејки се за слободата на Македонија и Македонците.

ПС. Некој би рекол дека лекциите често ги преобјавуваме. За таквите имаме само едно прашање: А, имате ли впечаток дека се научени?

 

Претходна вест22-годишна Македонка загина на работно место во Данска
Следна вестОпштина Центар организира нега на повозрасни жители во домашни услови