Општина Центар организира нега на повозрасни жители во домашни услови

Повик до повозрасните жители на своја територија да се пријават за да добијат нега во домашни услови распишала општина Центар. Со овој проект, предвидено е 90 граѓани од Општина Центар добиваат помош и поддршка при извршувањето на домашните работи, од страна на стручни и обучени лица.

Право на апликација имаат сите лица кои се над 60 години и се жители на општината, со поднесување на фотокопија од лична карта, фотокопија од потврда за примена пензија и фотокопија од медицински документ за здравствената состојба.

-Со проектот „Нега на стари лица во домашни услови” им помагаме на нашите повозрасни сограѓани полесно да се справат со секојдневните домашни обврски. Со помошта на стручните лица вклучени во овој проект на нашите баби и дедовци им овозможуваме полесна старост и обезбедуваме подобри пензионерски денови, изјави градоначалникот Горан Герасимовски.

Овој проект, Општина Центар го реализира шеста година по ред, во соработка со невладината организација „Хуманост”. Преку проектот, општината обезбедува медицинска нега, вежби и совети од лиценцирани физиотерапевти, психолози, негуватели и социјални работници три пати по два часа во неделата во домовите на корисниците.

Претходна вестШто би ни рекол Гоце Делчев сега кога Македонија е притисната од проблеми?
Следна вестКакво писмо ќе испратат Пендаровски и Ковачевски до СПЦ?