Што им стана вчера на збеснатите возачи во Скопје?

Само четири возачи вчера биле казнети при полициските контроли на скопските сообраќајници, покажува денешниот извештај на МВР. Тоа го отвора прашањето дали збеснатите скопски возачи стануваат подисциплинирани по контролите кои ги врши полицијата или пак сообраќајците вчера биле полабави.

-На територијата на град Скопје во текот на вчерашниот ден изречени се вкупно 287 санкции, меѓу кои за пречекорување на дозволената брзина на движење 4 прекршоци, 11 мерки за технички неисправни и нерегистрирани возила, 15 за возење без возачка дозвола, 72 мерки за непрописно паркирање, а 58 возила се подигнати со „пајак”. Изречени се 123 санкции за неносење на заштитна маска, информираат од МВР.

Дали ваков тренд ќе се задржи ќе покажат контролите кои следат во нередниот период, но ќе покаже и самата улица.

Претходна вестОграбил две аптеки со нож, Обвинителството ќе му го даде лекот
Следна вестРСБСП: Засилените сообраќајни контроли треба да се континуирани