РСБСП: Засилените сообраќајни контроли треба да се континуирани

Засилените сообраќајни контроли од страна на сообраќајната полиција во изминатите неколку месеци дејствуваат во насока на намалување на сообраќајните несреќи, но и дека дисциплината и одговорноста кај учесниците во сообраќајот се уште не се на потребното ниво, укажува Републички совет за безбедност во сообраќајот и на патиштата.

-Статистичките податоци за 2020 година, покажуваат дека оваа година има значително намалување на бројот на сообраќајни незгоди и бројот на загинати и повредени лица во сообраќајни незгоди во однос на истиот период минатата година и ваквиот  опаѓачки тренд треба да продолжи и во иднина, се наведува во обраќањето на РСБСП.

Оттаму укажуваат дека полициските билтени и медиумите секојдневно известуваат за голем број на санкционирани возачи поради управување на моторно возило под дејство на алкохол, без соодветна возачка дозвола, непочитување на правилата за ограничување на брзината,….

– РСБСП го поддржува процесот на засилени сообраќајни контроли и истиот треба да биде континуиран и силен. Најважно е граѓаните да знаат дека репресивните мерки се спроведуваат со цел заштита на нивниот живот и нивното здравје и истите имаат за цел да ги одвратат сторителите на сообраќајните прекршоци  од повторување на сообраќајниот прекршок. Превентивните мерки се насочени кон сите учесници во сообраќајот, а со репресивни мерки треба да бидат санкционирани оние учесници во сообраќајот кои и покрај сите апели, и укажувања се уште се однесуваат недисциплинирано и неодговорно во сообраќајот- потенцира Гордана Кожуваровска, претседател на РСБСП по повод засилените контроли од страна на сообраќајната полиција.

Претходна вестШто им стана вчера на збеснатите возачи во Скопје?
Следна вестПендаровски: Секоја добронамерна критика и издржан предлог околу пандемијата се добродојдени