Темен режим Режим на светлина

Оливер Спасовски префрлен на Инфективна клиника, имал висока температура

Здравствената состојба на министерот Оливе Спасовски е стабилна, тој има висока температура, изјави денеска министерот за здравство Венко Филипче.

Тој потврди дека министерот за внатрешни работи синоќа е префрлен на Клиниката за инфективни болести откако добил симптоми на корона вирус, а подоцна и тестот покажал дека е инфициран.

-Министерот Спасовски од синоќа е хоспитализиран на Инфективната клиника, поради висока температура. Неговата состојба е стабилна, истакна Филипче. 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Пендаровски: Секоја добронамерна критика и издржан предлог околу пандемијата се добродојдени

Следна објава

Пендаровски и Заев: Нема преговори за македонскиот јазик и идентитет