Три години ја малтретирал малолетната ќерка и вршел полови дејствија пред неа

Кривична пријава добил прилепчанец кој со години ја малтретирал и вршел полови дејствија пред малолетната ќерка.

Полицијата соопшти дека малтретирањата траеле во последните три години при што упатувал навреди и во неколку наврати пред неа вршел полови дејствија.

-Одделението за внатрешни работи Прилеп поднесе кривична пријава против С.А.(50) од Прилеп, поради постоење основано сомение за сторени кривични дела задоволување на полови страсти пред друг и запуштање и малтретирање малолетно дете, соопшти полицијата.

Претходна вестБрзи тестови од понеделник во поликлиника Ѓорче Петров, ќе чинат 1.000 денари
Следна вестСе бара притвор за Шпанец кој во Скопје продавал кокаин и хероин