Брзи тестови од понеделник во поликлиника Ѓорче Петров, ќе чинат 1.000 денари

Брзите тестови за корона вирус ќе ги чинат граѓаните 1.000 денари. Од понеделник во поликлиниката во Ѓорче Петров граѓаните ќе може да закажуваат брзо тестирање чии резултати ќе бидат готови за 20 минути.

Директорот на Здравствен дом Скопје Виктор Исјановски денеска за Канал 5 изјави дека граѓаните закажувањето за тестирање ќе треба да го извршат на телефон 2041-625.

-Со тестирањето започнуваме од понеделник и тоа засега само во прва смена од 7.30 до 14.30 на секои половина час. Овие тестови се од фирмата „Абот“ и се признаени од СЗО. Ако е некој позитивен нема потреба да прави ПЦР – тест. Ако е негативен, а има симптоматологија ќе треба да прави ПЦР-тест, обајсни тој.

Здравствен дом Скопје има набавено 4.000 брзи тестови, а целта е да се помогне на државните уставови што прават ПСР тестови.

Владата најави дека ќе набавува уште вакви брзи тестови – прво за сума од 730.000 евра од државен буџет, а потоа и со дополнителни 800.000 евра од заемот на Светска банка од 90 милиони евра наменет за изградба на монтажни болници.

Претходна вестКривична за Лидија Димова за злоупотреба на пари од европски фондови
Следна вестТри години ја малтретирал малолетната ќерка и вршел полови дејствија пред неа