Ограбил две аптеки со нож, Обвинителството ќе му го даде лекот

Обвинение за разбојништво доби 38-годишен скопјанец за две кражби со нож во аптеки на 10 и 16 септември годинава во Скопје.

Како што инфирмираат од ОЈО, тој на 10 септември, влегол во аптека на улица „Васил Главинов“ во Скопје и на вработената и се заканил со нож, барајќи да му ги даде парите од дневниот промет. Потоа се упатил кај касата од каде одзел 4.430 денари и побегнал.

– На 14 септември, пак, на истиот начин, одзел 16.150 денари од аптека на булеварот „Св. Климент Охридски“. Потоа се обидел да го одземе и мобилниот телефон на вработената, која се спротивставила и дала отпор со туркање. Обвинетиот дел од парите од дневниот промет ги извадил од металната каса на аптеката, а дел од картонска кутија во магацинскиот дел на аптеката, а потоа побегнал, стои во соопштението од ОЈО.

Претходна вестПолицаец барал поткуп од 2.000 евра, синоќа бил приведен
Следна вестШто им стана вчера на збеснатите возачи во Скопје?