Темен режим Режим на светлина

Полицаец барал поткуп од 2.000 евра, синоќа бил приведен

Украл автомобил, украл куче и дивеел низ Штип, уапсен лажен полицаец Украл автомобил, украл куче и дивеел низ Штип, уапсен лажен полицаец

Барање на поткуп од 2.000 евра е причина за приведување на полициски службеник синоќа во Куманово.

МВР соопшти дека полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција-Сектор за економски криминал и корупција вчера околу 18 часот во Куманово го лишија од слобода полицискиот службеник И.С. поради постоење на основано сомнение дека сторил кривично дело-примање поткуп по член 357 , примање награда за противзаконито влијание по член 359, и злоупотреба на службената положба и овластување по член 353 од КЗ.

– И.С.од правно лице од Куманово побарал пари за наводно да сопре наводна истрага против правното лице, при тоа повикувајќи се на наводна блискост со високи полициски функционери. Сопственикот на правното лице го пријавил случајот во МВР по што биле преземени соодветни мерки и активности. Во простории на правно лице тој на И.С. му дал претходно технички обработени 2000 евра, а откако ги земал парите И.С. е приведен, се наведува во соопштението.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Универзална сала пак доби ветување дека „ЌЕ се реконструира“...

Следна објава
Полицијата ќе поднесе пријава: Син осомничен за напад со нож врз татко си

Ограбил две аптеки со нож, Обвинителството ќе му го даде лекот