Што ново ќе каже Боки 13 за неговите кривични пријави против функционери и бизнисмени?  

Нов исказ врзан за неодамнешните кривични пријави кои ги поднесе против повеќе функционери, бизнисмени и други лица денеска во Основното јавно обвинителство – Скопје ќе даде Бојан Јовановски Боки – 13. Дополувањето на пријавите беше најавено на поднесувањето на кривичните пријави кои опфаќаат десетина познати личности.

Јовановски неодамна беше осуден на девет години затвор во аферата „рекет“ во која беше првообвинет.

Неговиот браните Сашо Дуковски во изјава за новинарите појасни дека Обвинителството мора да постапува по кривичните пријави затоа што кривичните дела за кои Јовановски поднесе пријави се гонат по службена должност. Тој рече дека пријавите се врзани са случаевите „Рекет“ и „Меѓународен сојуз“.

По поднесувањето на пријавите на 25 јуни Дуковски изјави дека добил телефонски закани по живот на Јовановски кој „требал да внимава што зборува пред обвинителот“.

Инаку, Боки-13 за време на изрекувањето на пресудата и добивањето на деветте години затвор побара милионските пари од „Рекетот“ да се бараат кај браќата Заеви.

Претходна вестПретпладне сончево и многу топло, попладне можен е кус пороен дожд
Следна вестЗа неносење маски казнети 470 граѓани