Успешно организирање на слободн, фер и демократски редовни претседателски и парламентарни избори на 24 април и 8 мај, е главна задача на техничката влада на мандаторот Талат Џефери. Ова е наведено во нејзината Програма за работ во наредните 100 дена, а која е доставена до Собранието и до македонските пратеници кои утре до полноќ треба да гласаат за неа.
Но, не е само ова приоритет туку има и други. Во доставена програма се наведува дека до изборот на следната политичка влада техничката влада за свои стратешки и државни приоритети ќе има и „продолжување на сите процеси кои произлегуваат од започнатите пристапни преговори со ЕУ и забрзаната европска интеграција.
-Приоритет е и раст и развој на економијата, пораст на животниот стандард преку зголемувањето на мининалната и просечната плата и пензиите во 2024 година, намалување на инфлацијата и одржувањето на ценовната стабилност, пораст на вработеноста. Директна поддршка на граѓаните и на компаниите и во 2024 година, врз основа на успешните Програми и мерки дефинирани во мандатот на претходната Влада, се наведува во Програмата.
Во неа се додава и тоа дека Владата целосно ќе ги исполнува внатрешните и меѓународните договори и обврски на државата во мандатот на претходната Влада.
Во делот на економијата се наведува дека Владата „останува посветена на својата клучна цел на економската политика за забрзан и одржлив раст на економијата и пораст на БДП од најмлаку 3 отсто во 2024 година и одржување на фискалната стабилност“.
-Владата очекува да се овозможи успешно продолжување на видливите и препознатливи политики на претходната Влада… Порастот на минимална плата, зголемување на просечната плата, на пензиите, продолжување на субвенционирање на граѓаните и бизнисот особено во делот на електричната и тиоплинската енергија, одржување на цените на најважните прехрамбени производи, пишува во текстот.
Не е предвиден промена на фискалната политика, односно, воведување на нови даноци.
-Владата ќе се фокусира на интензивирање на градежните работи на делниците на Коридорот 10 и пред се на Коридорот 8, особено во длеот на автопатот Кичево – Охрид, како и активноста на автопатот Скопје – Тетово – Гостивар…, се потенцира во Програмата
Ќе продолжи поддршка на земјоелците, на учениците и студентите, ќе продожат инвестициски проекти во здравството, културата, земјоделството…