Што сега работи македонскиот дел од историската комисија?

„Комисијата продолжува со работа“, беше кусиот коментар на претседателот на македонскиот тим експерти во заедничката македонско-бугарска Комисија за историски и образовни прашања, Драги Ѓоргиев кога нејзиниот член Ванчо Ѓорѓиев поднесе оставка на 22 октомври. Оттогаш па до сега, непознато е што и како работи оваа Комисија без нејзиниот член кој реши да ја напушти нејзината работа наведувајќи дека таа отстапува од „црвените македонски линии“ и дека имало директно мешање во стручната работа од страна на висок функционер во МНР. По ова, имаше реакции и негирање од страна на останати членови на комисијата, од Владата. Деновиве и министерот за надворешни работи соопшти дека откако Ванчо Ѓорѓиев не ја поднел оставката и формално решил да му го прекине договорот за ангажманот.

Но, основното прашање е како и што сега работи македонскиот дел од Комисијата? И кога ќе ги објават до сега постигнатите договори со бугарските колеги?

Историчари ја наметнуваат и дилемата за компетентноста на комисијата.

-Беше формирана Комисија целосно некомпетентна. Од наша страна имаше членови за античката и нововековната историја. За средновековната и најновата историја немаше и сега нема претставници. Исто така од Институтот за историја при Филозофски факултет како член беше само проф. Ѓорѓиев, останатите членови се од ИНИ. Секако дека јавноста треба да биде запознаена со тоа што е договорено. Но, тоа најверојатно се планира да биде соопштено на крајот (ако има крај), изјави неодамна историчарот од Филозофскиот факултет, проф. др. Александар Атанасовски, во интервју за „Македонско ехо“.

Во таква ситуација, надлежните треба да објаснат какви се плановите со Комисијата…

Претходна вест5 работи кои градоначалничката Арсовска треба веднаш да ги решава во Скопје
Следна вестМерка „колку да се рече“: Исто ли ќе ги „ловите“ лажните сертификати како и до сега?