Си ја изми четката за варосување и кофата во Охридско Езеро и замина…

Револт предизвикаа фотографии на кои се гледа како маж со кофа во раката истура бела течност во Охридско Езеро, а кои беа споделени на социјалните мрежи. Објавувачот, Александар Донев, посочи дека лицето си ја измило и четката за варосување. Лицето е сликано блиску до Калишта, Струга.

– Си ја исчисти кофата и четката за варосување во Охридско Езеро и кога го прашав дали воопшто е свесен што прави, си ја наведна главата и си влезе во хотел „Бисер“, каде што најверојатно варосуваат или реновираат. Не знам ни зошто постувам кога знам дека џабе е веќе се…Само не знам од каде е она дека постојано некој друг ни е крив, гласи коментарот на Александар Донев на Фејсбук.

Корисниците коментираат дека ова е голем срам за езеро кое е под заштита на УНЕСКО.

-Овде простотилокот владее. На најјако. Свесност? Во Трпејца шутот и ѓубрето го фрлаат сред езеро, коментира една граѓанка.

Другата, пак, напиша дека тоа е секојдневие.

-Сами за све сме си криви, не знам само сто толку чудење, па тоа е кај нас секојдневие. Ни нема веке спас. За жал!, наведе таа.

Претходна вест114 години од раѓањето на Круме Кепески: Ја пишував првата македонска граматика, тоа беше јазикот на Кирил и Методиј, на Климент и Наум…
Следна вестВ понеделник истекува рокот за формирање на работната група за уставни измени, досега предложен само еден член