Силен земјотрес во Португалија

Земјотрес со јачина од 4,7 степени според Рихтеровата скала ја погоди Португалија, јавува EMСЦ.

Земјотресот е регистриран на Азорските Острови, на длабочина од 10 километри.

 

Засега нема информации за повредени или материјална штета.

Сепак, очевидци велат дека земјотресот бил силен.

„Целата куќа многу силно се тресеше“, „Ме разбуди“, се само дел од коментарите на веб-страницата на ЕМСЦ.

Претходна вестТрамп: Ќе спречам трета светска војна
Следна вестВМРО-ДПМНЕ: Над 100 граѓани годишно собираат пари за лекување