ВМРО-ДПМНЕ: Над 100 граѓани годишно собираат пари за лекување

Над 100 наши сограѓани годишно собираат пари за лекување, на клиниките редовно недостасуваат лекови, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Од ветување за бесплатно здравство од власта, до отворање на број за донации за лекување речиси секој 3-ти ден, затоа што Фондот не го покрива лекувањето на пациентите. Со СДС и ДУИ народот е оставен на солидарноста помеѓу себе, власта не прави ништо да му помогне. Редовно недостасуваат и лекови по клиниките. Чести се недостатоците на инсулин. Пациентите често се принудени основни работи за апликација на одреден лек во клинички услови да купуваат сами, стои во партиското соопштение.

Претходна вестСилен земјотрес во Португалија
Следна вестСо автомобил удрил во пешак, па во паркирано товарно возило