Синдикатот на Пошти доби предлог – покачувањето ќе го добијат едни од јуни, други од август

Синдикатите на „Пошти“ кои денеска започнаа генерален штрајк со барање за линеарно зголемување на платите на вработените за 3.000 денари денеска добиле предлог од Управниот одбор.

Боро Велигденов, претседател на Синдикатот на Пошти и Јани Макрадули, директор на „Пошти“ на заедничка прес-конференција соопштија што е договорено.

-Нивниот предлог е линеарно зголемување на платите, првенствено на технолошкиот процес од 1.6.2022, и со оглед на финансиските можности за останатите вработени во администрација да биде од 1.8.2022. Денеска штом со синдикалните одбори ја добиеме понудата, ќе седнеме да разговараме за прифаќање, ќе подготвиме спогодба и доколку се прифати понудата од Управниот одбор и потпишување на спогодбата, штрајкот ќе биде прекинат. Дотогаш штрајкот ќе биде во тек. Се исполнува нашето барање со компромис согласно финансиските можности, нашето барање е тоа да биде веднаш покачувањето, но и ние како синдикати треба да имаме разбирање. Денеска ќе имаме одбор на синдикалните организации, не можеме сами да одлучиле, ќе се направат консултации и ќе бидете благовремено информирани, најави Велигденов.

Во моментов во Пошти има околу 2 160 вработени. Зголемувањето на платите од 1 јуни би било за оние во технолошкиот процес – поштари, шалтерски работници и сите други во оператива чиј број изнесува негде околу 1 700 вработени. За останатите тоа би било од август, а тоа е администрацијата и тие се околу 400 и нешто.

Според синдикалните организации, работата на „Пошти“ ќе биде целосно во прекин освен за неопходните активности кои давателите на поштенски услуги мора да ги обезбедат непречено, согласно  член 49 од Законот за поштенски услуги и Колективниот договор на ниво на работодавач – прием, сортирање и дистрибуција на поштенски пратки кои се однесуваат на препорачани судски пратки, препорачани пратки од безбедноста и одбраната и одредени други препорачани пратки кои се наведени во законската регулатива.

Директорот на „Пошти“ Јани Макрадули се заблагодари на подготвеноста за дијалог на двете синдикални организации, и на сите вработени кои согласно членот 49 од Законот за поштенски услуги ги исполнуваат обврските онака како што е предвидено и граѓаните можат оние судски препорачани пратки да ги добијат, дека се примаат и доставуваат.

Одговарајќи на прашање дали навистина има 200-300 вработени кои не доаѓаат на работа со години, а земаат високи плати, како што велат од Синдикатот, Макрадули рече дека тоа не се дозволува и дека минатата година поради незаконско постапување и непостапување согласно актите на друштвото, 47 вработени го изгубиле работното место.

Претходна вестШаќири ветува преговори и повисоки плати, ама прво СОНК да го прекине штрајкот
Следна вестГори старата фабрика „Треска“ – се подготвува ли нешто таму како што предупреди Шанса за Центар?