Шаќири ветува преговори и повисоки плати, ама прво СОНК да го прекине штрајкот

Министерот за образование и наука Јетон Шаќири денеска на прес-конференција истакна дека ќе достави барање до СОНК во кое ќе побара од нив продолжување на преговорите, но и продолжување на наставата во училиштата, односо прекин на штрајкот.

Тој вели дека во моментов не смее да се дозволи децата да следат настава и затоа од членството на СОНК и од наставниците побара да се вратат на настава, со надеж дека барањето ќе биде прифатено.

-Вчера од мене лично и од сите членови на Владата се побара дека ние можеме да продолжиме со секојдневни преговори, а истовремено и наставата да продолжи. Ќе доставам барање до претставниците на СОНК за разбирање наставата да продолжи, но истовремено во тоа барање ќе има дека ние за најкратко време ќе се усогласиме со нивното прво барање, со системско решавање на второто, третото барање па и за едно да продолжиме во други соработки освен за плати за да дојдеме до решение за образовниот процес, истакна Шаќири.

Изрази надеж дека од понеделник воспитно-образовниот процес ќе се нормализира.

-Верувам дека ако не од утре, од понеделник ќе се нормализира образовниот процес, додаде тој.

Во однос на барањата на СОНК за покачување на платите во образвованието, за 18,4 отсто, Шаќири посочи оти барањето е легитимно и дека повисоки плати ќе има.

-Јас како министер и Владата никогаш не кажавме дека во овој процес не влегуваме за повисоки плати. Барањето за зголемување на платите на наставниците е лититимно и повисоки плати ќе има. Тоа е заложба на Владата и затоа е зголемена минималната плата на почетокот на минатиот месец, со која ќе се усогласат и сите останати, и оние во образование, каде дополнително ќе следи зголемување за одреден процент за кој во моментов сме во преговори. Тоа е процес кој ќе продолжи и денес и утре, се до изнаоѓање конечно и прифатливо решение за сите засегнати, нагласи Шаќири, додавајќи оти Владата има разбирања за економската ситуација, но и за продолжување на наставата и преговорите.

Одговарајќи на новинарско прашање во врска со тоа кога ќе се случи следната средба со синдикатот, министерот Шаќири истакна оти преговорите ќе продолжат а оти ќе почека повратен одговор од СОНК во однос на писмениот допис од Министерството, за потоа, како што рече, да може да ги предвиди соодветните чекори.

Вчера попладне се одржа нова средба помеѓу Министерството за образование и СОНК која не заврши со договор помеѓу двете страни, затоа што како што истакна претседателот на СОНК, од Министерството не добиле конкретен предлог во однос на покачувањето на платите во образованието.

Претходна вестГенерален штрајк на вработените во Пошта
Следна вестСиндикатот на Пошти доби предлог – покачувањето ќе го добијат едни од јуни, други од август