Сите го фалат Пандев, а тој скромен иако сам го победи Наполи

Македонскиот најдобар фудбалер Горан Пандев синоќа пак го покажа својот раскошен талент и знаење во фудбалот. Даде два гола за својата на Џенова и тоа против силниот Наполи.

Тие два гола беа и пресудни неговиот тим да победи со 2:1. Головите на 37-годишниот фудбалер беа вистинска мајсторија каде се виде неговата вештина и искуство. Но се виде и неговата скромност – Пандев против својот поранешен клуб Наполи, не славеше за погодоците.

– Поминав три прекрасни години во Неапол. Тие се мој тим – одличен тим, истакна Пандев по натпреварот.

Го фалат фудбалерите од неговиот тим, го фали и тренерот;

– Беше одличен, отсега до крајот треба да биде тоа што е секој ден – ни дава интелигенција, ни ја дава сета своја симпатија, а потоа неговиот огромен квалитет и неговата голема понизност. Отсега до крајот треба да биде тоа што отсекогаш бил – пример за сите, истакнал тренерот Балардини.

Го фалат и медиумите и тоа не само во Италија. За него пишуваат и балканските портали – Неуништиви Пандев…

Да потсетиме, Пандев дојде до бројката од 97 погодоци во квалитетното италијанско првенство, и со тоа стана најдобриот стрелец во лигата од фудбалери од поранешна Југославија.

Браво, за нашиот репрезентативен капитен!

Претходна вестНабавката на вакцини ја покажа сета неспособност на првиот и вториот ешалон на власта
Следна вестПолицијата казни седум мотоциклисти, одземени се два мотори