На 2 и 3 октомври, пред спортската сала „Борис Трајковски“ и скејт паркот во Карпош во Скопје ќе се одржи петтото издание на скејтбординг натпреварот „One More Try“. Мотото на натпреварот оваа година е „Нема да успееме“.
Натпреварот е отворен за скејтери од сите возрасти. Атмосферата ќе биде дополнета со музика, дружба и трикови.
Во сабота, натпреварот почнува со почеток во 14 часот пред спортската сала „Борис Трајковски“, а во недела настанот продолжува во скејт паркот во Карпош.