Скопјанец ги претепал сопругата и ќерката а потоа им се заканил со пиштол

45-годишен маж од Скопје ги претепал неговите сопруга и ќерка а потоа им се заканил и со пиштол. Од полицијата велат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

– Денеска во 01.45 часот во СВР Скопје, 39 – годишна жена пријавила дека во семејниот дом во скопско село, нејзиниот сопруг И.П.(45) физички ја нападнал неа и нивната малолетна ќерка. По што ѝм се заканил и со пиштол, информираат од МВР.

Полицијата информира дека се преземаат мерки за расчистување на случајот, по што ќе следува соодветен поднесок.

Претходна вестФинансиската полиција го бара повикот на Арсовска за украсување на Скопје
Следна вестАХВ: Се повлекува производ, потрошувачите истиот да нe гo консумираат и да гo вратат на местото од каде гo купиле