Финансиската полиција го бара повикот на Арсовска за украсување на Скопје

Јавниот повик за украсување на градот до одредена компанија е најважен документ кој го бара Финансиската полиција која денеска влезе во Градот Скопје. Целта е да се најде документ врз основа на кој се трошат 30.000 евра, колку што најави скопската градоначалничка Данела Арсовска дека ќе бидат потрошени за вкупното украсување на градот. Арсовска неодамна соопшти дека јавниот повик постои, но медиумите и граѓаните се уште не можат да го видат.

Од Финансиска полиција денеска изјавија дека не е исклучено увидот да трае неколку дена. Оттаму најавија и објаснување за тоа зошто денешниот увид се прави со најава дадена уште минатиот петок.

Пред три дена преку официјалниот фејсбук профил на градоначалничката Арсовска пишува дека украсувањето на градскиот плоштад, главните сообраќајници и новогодишниот базар се финансирани преку јавен повик и е објавен согласно актите и прописите, а разубавувањето ќе чини 30 илјади евра.

Претходна вестГлобалниот пазар на велосипеди ќе вреди 101 милијарда долари до 2030 година
Следна вестСкопјанец ги претепал сопругата и ќерката а потоа им се заканил со пиштол