Темен режим Режим на светлина

Намалена видливост поради магла на патот Скопје-Демир Капија

Намалена видливост поради магла на неколку патни правци Намалена видливост поради магла на неколку патни правци

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено во зимски услови, по наместа влажни коловози. Намалена видливост поради појава на магла од 50 до 100 метри на патниот правец Скопје-Демир Капија.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Од 15.11.2023 година започна законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2024 година.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Претрес во Кавадарци, пронајдени хашиш и марихуана, приведени двајца дилери

Следна објава
Тешка сообраќајна несреќа во Скопје, едно лице загина

Шест годишно дете се изгубило во Битола, полицијата го пронајде по еден час