Темен режим Режим на светлина

Претрес во Кавадарци, пронајдени хашиш и марихуана, приведени двајца дилери

Полициски службеници вчера ги привеле Н.Р.(21) и Ш.Д.(19), двајцата од Кавадарци. При претрес во нивниот дом, извршен со наредба од Основен суд Велес, биле пронајдени и одземени пет пакувања со марихуана и едно пакување со хашиш, соопшти МВР.

За настанот бил известен јавен обвинител, а лицата биле задржани во полициска станица. По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Со фалсификувани долари се коцкале во казино во Тетово

Следна објава
Намалена видливост поради магла на неколку патни правци

Намалена видливост поради магла на патот Скопје-Демир Капија