Скопјанец измамил друг скопјанец дека за 30.000 евра ќе му го приватизира земјиштето во Визбегово

Скопјанец добил кривична пријава бидејќи измамил друг скопјанец, дека за 30.000 евра ќе му заврши „работа“ за приватизација на градежно земјиште со површина од 13.764 квадратни метри во Визбегово.

– Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје поднесе кривична пријава против А. А. (38) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело измама по чл. 247 од Кривичниот законик.

Пријавениот со лажно прикажување факти довел во заблуда лице од Скопје дека за паричен надомест од 30.000 евра пред надлежните органи ќе му заврши постапка за приватизација на градежно земјиште во државна сопственост со вкупна површина од 13.764 квадратни метри на катастарска парцела во Визбегово, информираат од МВР.

Тој во 2016 година обезбедил лажен документ – решение за приватизација на градежно земјиште во државна сопственост, стекнато без платен надомест, наводно издадено од Министерството за финансии, Управата за имотно-правни работи, Подрачно одделение за првостепена управна постапка Кратово, во кое било наведено дека поднесеното барање за приватизација на градежно земјиште во државна сопственост од оштетениот се уважува и земјиштето во државна сопственост се приватизира.

Решението било заверено на нотар и спроведено во Агенцијата за катастар на недвижностите врз основа на што било издаден имотен лист на име на оштетениот.

Претходна вестПо втор пат „Самоков екстрем“ за развој и промоција на Поречието
Следна вестЖена од Грчец нападната во Ѓорче Петров