Од МВР информираат дека на 21.12.2023, од страна на полициски службеници од ОКР Центар и Бит Пазар било постапено по претходна добиена пријава од Комплексот клиники „Мајка Тереза“. На 17.12.2023 во Клиниката за Токсикологија е примено машко лице, кое претходно од екипа на Итна медицинска помош било донесено и каде починало.
– По преземени мерки од полициски службеници било утврдено дека се работи за лицето С.П.(52) од Скопје, информираат од МВР.
Тој бил предаден во Институт за судска медицина за обдукција, а по извршената обдукција телото на починатиот било предадено за погреб.