Скопјанец паднал од кров на куќа и починал на лице место

Седумдесет и тригодишен скопјанец паднал од кров на куќа и починал на лице место.

Несреќата се случила вчера, додека Ѓ.С. извршувал градежни работи на кровот од куќата, која е во сопственост на М.С. (72).

Од итна медицинска помош е констатирана смрт. Увид на лице место е извршен од екипа од СВР Скопје и известен е трудов инспектор.

Претходна вестРегистрирани 190 новозаболени од коронавирус, а починаа 10 лица
Следна вестЕксплозивна направа фрлена во двор од куќа во Чаир