Кривична пријава добил 38-годишниот скопјанец заради тоа што во својот камион шверцувал мигранти. МВР денеска соопшти дека Регионалниот центар за гранични работи Исток поднесе кривична пријава против С.С. од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „криумчарење мигранти“.
-На 11 јануари 2020 пријавениот, со товарно возило „Фолксваген“, во атарот на село Свидовица превезувал 26 мигранти, се наведува во информацијата.